ПОВЕЌЕ ОД 635.000 ЕВРА ИСПЛАТЕНА ПОДДРШКА ЗА ПРЕДАДЕН ОРИЗ Парите легнаа на сметките на 663 оризопроизводители

Исплатата е за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.

48

Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари (околу 635.000 евра) кон 663 оризопроизводители, соопшти Министерството за земјоделство.

– Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупни центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта – целат од Министерството.






Оттаму додаваат дека целта е  да се зајакне домашното производство и поддршката на земјоделците.

 

Поврзани содржини