📽️ ПОВЕЌЕ ОД 600 ЛИЦА ЗАГИНАА, СТОТИЦИ СЕ ПОД РУШЕВИНИТЕ Страотен земјотрес го погоди Авганистан, Талибанците бараат меѓународна помош

Додека продолжуваат потресите, спасувачките напори се комплицираат поради тесните планински патишта во регионот, од кои некои се блокирани од лизгање на земјиштето. Владата предводена од Талибанците побара помош од меѓународни организации

1,015

Министерството за внатрешни работи на Талибанците известува дека бројот на жртви од земјотресот во источен Авганистан е 610. Повеќе од 1.300 луѓе се повредени, пренесува Би-Би-Си, давајќи детали за разорниот удар со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала кој ја погоди земјата.

Епицентарот на земјотресот бил на 27 км од Џалалабад, петтиот по големина град во Авганистан, и околу 140 км од главниот град Кабул. Службениците изјавија за Би-Би-Си дека куќите се срушени во областите близу до границата на Авганистан со Пакистан.






Областа е планинска со ограничени комуникации, што значи дека информациите се појавуваат бавно.

Локалните власти изјавија за Би-Би-Си дека стравуваат дека бројот на жртви ќе биде во стотици.

 

Додека продолжуваат потресите, спасувачките напори се комплицираат поради тесните планински патишта во регионот, од кои некои се блокирани од лизгање на земјиштето. Владата предводена од Талибанците побара помош од меѓународни организации.

Според Геолошкиот завод на САД, земјотресот бил регистриран во 19:17 часот по Гринич, на 27 километри источно-североисточно од Џалалабад, на длабочина од 8 километри.

 

Официјален претставник на Министерството за информации изјави за Анадолија дека жртви и повредени се пријавени во областите Нур Гал, Савки, Ватпур, Маноги и Чапа Дара во провинцијата Кунар.

Авганистанската привремена администрација мобилизираше хеликоптери за спасување и транспорт на повредените, бидејќи патиштата се блокирани поради свлечишта, што ги спречува спасувачките екипи да стигнат до повеќе погодени области.

Локалните жители го опишаа земјотресот како еден од најсилните што го погодиле регионот.

Регионот погоден од земјотресот во неделата навечер веќе беше погоден од ненадејни поплави во текот на викендот. Поплавите ги зафатија провинциите Нангархар и Кунар помеѓу петокот и саботата, при што загинаа најмалку пет лица, според локалните медиуми.

Поврзани содржини