ПОВЕЌЕ ОД 60% ОД ПЛАЌАЊЕТО ВО ЕВРА ГРАЃАНИТЕ ГО ВРШАТ ПРЕКУ СЕПА Провизиите се шесткратно пониски, а парите стигаат на одредиштето за неколку секунди
Интеграцијата во СЕПА значи дека прекуграничните плаќања во евра постепено се изедначуваат со условите што важат во Европската Унија, што претставува значаен чекор кон понатамошна финансиска интеграција и унапредување на платниот систем.
По приклучувањето на земјата кон СЕПА (Единствената област за плаќања во евра) во октомври 2025 година, се забележува значително зголемен интерес и користење на услугите од страна на компаниите и граѓаните. Според податоците на Народната банка од банките, повеќе од половината од бројот на плаќања во евра кон земјите членки на СЕПА веќе се вршат преку платежната шема за кредитни трансфери во СЕПА”, истакна Игор Величковски, директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи во интервјуто за „Блумберг Адрија”.
Тој посочи дека граѓаните умерено предничат во однос на компаниите во користењето на услугите преку СЕПА, при што
Повеќе од 60% од плаќања во евра на граѓаните се извршуваат преку Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), а кај бизнисот тој процент е нешто понизок односно речиси половина од плаќањата во евра на домашните компании кон земјите членки веќе се вршат преку СЕПА.
Овие податоци ги изнесе Игор Величковски, директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи на Народна банка.
Кај бизнис-секторот, најмногу ги користат извозно-увозните компании коишто имаат редовни трансакции со партнери во Европската Унија.
Според него, по приклучувањето на земјата кон СЕПА во октомври 2025 година, се забележува значително зголемен интерес и користење на услугите од страна на компаниите и граѓаните.
Иако станува збор за релативно нова услуга, очекувањата се дека таа сѐ повеќе ќе се користи, напоредно со зголемувањето на информираноста и довербата, промената на навиките и унапредувањето на дигиталните канали од страна на банките. Придонес во тоа има и тоа што преку СЕП плаќањата се значително поевтини, побрзи и поедноставени.
-Кај граѓаните, за електронско плаќање од 500 евра кон земјите од СЕПА, просечниот банкарски надоместок се намали шесткратно — од околу 26 евра преку кореспондентски банки на околу 4 евра преку СЕПА. Во зависност од банката и каналот на плаќање, одредени банки овозможуваат и електронски одливни плаќања со провизија од само 1 евро. Кај компаниите намалувањето на трошоците е уште поизразено. За плаќање од 20.000 евра кон земјите од СЕПА, просечниот банкарски трошок се намали за осумпати — од околу 77 евра на приближно 9 евра. Ова директно придонесува за зголемување на конкурентноста на компаниите, преку намалување на трансакциските трошоци и подобрување на ликвидноста – вели Величковски.
Интеграцијата во СЕПА значи дека прекуграничните плаќања во евра постепено се изедначуваат со условите што важат во Европската Унија, што претставува значаен чекор кон понатамошна финансиска интеграција и унапредување на платниот систем.