ПОВЕЌЕ ОД 50 ЖЕНИ СЕ ЕДУЦИРАА ЗА РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ Предавањата се поддржани од дм
Следната обука ќе се одржи на 25 февруари во ОУ „Александар Македонски“ со почеток од 18 часот. Сите заинтересирани се поканети да се приклучат и да дознаат повеќе за женското здравје.
На 18 февруари, во просториите на ООУ „Лазо Ангеловски“ се одржа инспиративно предавање во рамките на проектот „Мое тело, мое здравје“, поддржан од dm. Оваа важна иницијатива имаше за цел да ги едуцира жените за клучните аспекти на репродуктивното здравје и благосостојбата.
Предавањето, водено од стручниот тим на д-р Билјана Силјаноска Гиговска, гинеколог-акушер, Емилија Спасовска Мојсовска, нутриционист и Ивана Велевска, психолог, собра повеќе од 50 жени, кои со големо интересирање учествуваа во дискусијата. Темите ги опфатија не само основните принципи на репродуктивното здравје, туку и важноста на психолошката и физичката благосостојба. Присутните жени имаа можност да поставуваат прашања, да споделуваат искуства и да добијат корисни совети за подобрување на својот животен стил.
Оваа интеракција создаде топла и поддржувачка атмосфера, каде што секоја жена се чувствуваше охрабрена да зборува за своето здравје. Следната обука ќе се одржи на 25 февруари во ОУ „Александар Македонски“ со почеток од 18 часот. Сите заинтересирани се поканети да се приклучат и да дознаат повеќе за женското здравје. Планирани се и дополнителни обуки во наредниот месец, кои ќе продолжат да ја промовираат важноста на едукацијата за здравјето на жените.
Во првата фаза од проектот, успешно се одржаа 19 работилници со ученички во неколку основни училишта во општина Аеродром. Резултатите од анкетата покажуваат дека околу 70% од ученичките сметаат дека предавањата целосно ги исполниле нивните очекувања, а речиси 50% од нив изјавиле дека научиле многу. Работилниците поминаа во прекрасна атмосфера, со многу насмевки, научени работи и прашања
Овој проект е дел од шесте проекти кои dm ги поддржа во нивната реализација преку конкурсот „Заедно за подобро утре“. Од компанијата велат дека со заеднички напори, работат на создавање подобра иднина за сите жени, бидејќи знаат дека едукацијата е клучот за здрав и среќен живот.
– Приклучете се на обуките и заедно да создадеме заедница која ќе се грижи за здравјето и благосостојбата на секоја жена – порачуваат од дм.