ПОВЕЌЕ ОД 400 ПРОИЗВОДИ СО ДОПОЛНИТЕЛНО СНИЖЕНИ ЦЕНИ Во следните 4 месеци во dm ќе биде „Секогаш поволно“

Концептот за купување „Секогаш поволно“ ви овозможува да најдете голем број производи по долгорочни поволни цени во вашиот dm, велат од компанијата.

217

Повеќе од 400 dm марка производи сега имаат уште поповолни цени, соопшти компанијата.

„Една од карактеристиките што ги прави dm дрогериите уникатни е нивниот асортиман на производи од нивните dm марки. Со повеќе од 3.000 различни производи, она што ги разликува е германскиот квалитет, кој е достапен по секогаш поволни цени. Без разлика дали станува збор за производи за нега и убавина, дентална хигиена, бебиња, или пак органска храна и додатоци во исхраната, нивните dm марки нудат сè што ви е потребно за вас и за вашето семејство“.






Компанијата потсетува дека нејзиниот концепт гласи „секогаш поволно“.

„Концептот за купување СЕКОГАШ ПОВОЛНО ви овозможува да најдете голем број производи по долгорочни поволни цени во вашиот dm. На овој начин пазарувате без стрес, бидејќи знаете какви цени ќе имаат вашите омилени производи утре или следната недела. СЕКОГАШ ПОВОЛНО цените нема да се зголемуваат минимум четири месеци, а за многу производи и уште многу подолго! На овој начин уживате во шопинг кој ви овозможува долгорочна заштеда и на време и на пари!“.

Отсега во dm можат да се најдат повеќе од 400 dm марка производи кои ќе имаат уште поповолни цени.

Од dm за сопствените марки велат дека се со докажан германски квалитет, дека тоа е најшироката понуда на органска храна и природна козметика и дека поволните цени, обемниот асортиман и пријатните вработени, се само некои од причините зошто „dm е вашиот долгогодишен пријател… вашето место за сè што ви е потребно!“

Повеќе информации за новите поволни цени може да се најдат на следниот линк.

Поврзани содржини