ПОВЕЌЕ ОД 30.000 СТРАНСКИ ТУРИСТИ ЈА ПОСЕТИЛЕ ЗЕМЈАВА ВО ФЕВРУАРИ Најмногу дошле од Турција

Во периодот јануари – февруари 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 4,2 %, односно кај домашните туристи има намалување за 6,2 %, а кај странските има зголемување за  11,1 %. 

76

Бројот на туристите во февруари 2025 година изнесува 45.992, од кои 15.955 или 34,7 % се домашни туристи, а 30.037 односно 65,3 % се странски туристи, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во февруари 2025 година изнесува 94.981, од кои 40 % се од домашните туристи, а 60 % од странските туристи.






Во периодот јануари – февруари 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 4,2 %, односно кај домашните туристи има намалување за 6,2 %, а кај странските има зголемување за  11,1 %.

Во периодот јануари – февруари 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 5,5 % така што кај домашните туристи има намалување за 6,5 %, а кај странските има зголемување за 15,9 %.

Според податоците најголем број на странски туристи во февруари 2025 година дошле од Турција 6.485. Следат Германија со 3.971, Србија со 2. 875 и Грција од која дошле 2.061 турист.

 

Поврзани содржини