ПОВЕЌЕ ОД 226.000 ТУРИСТИ ЈА ПОСЕТИЛЕ ЗЕМЈАВА ВО АВГУСТ Најбројни биле Турците, Србите и Романците

Статистика пресмета дека во август  бројот на туристи изнесувал 226.179, а тие оствариле 846.221 ноќевања. И овој месец побројни се туристите од странство кои сочинуваат 52% од вкупниот број, а остатокот од 48% се домашни туристи.

50

Во август во земјава најмногу туристи дошле од Турција, вкупно 49.093, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Втора земја од каде што редовно доаѓаат туристи е Србија со 10.309, а трета е Романија со 5.202  туристи. Традиционално, и овој август бројни биле и туристите од Холандија од каде што дошле 5.075.






Статистика покажа дека во август  бројот на туристи изнесувала 226.179, а тие оствариле 846.221 ноќевања. И овој месец побројни се туристите од странство кои сочинуваат 52% од вкупниот број, а остатокот од 48% се домашни туристи.

Поголем број ноќевања оствариле домашните туристи или 73,4%, а странските туристи направиле 26,6% од ноќевањата. Тоа говори дека странците помал број денови се задржуваат во земјава.

Податоците за периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период лани, вкупниот број на туристите е зголемен за 6,8%, односно кај домашните туристи има намалување за 1,4 %, а кај странските има зголемување за 11,6%.

Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период лани, вкупниот број ноќевањата е зголемен за 1% така што кај домашните туристи има намалување за 4 %, а кај странските има зголемување за 8,1 %.

извор: ДЗС

Поврзани содржини