ПОВЕЌЕ ОД 200 ДОГОВОРИ ПОТПИШАА ОПШТИНИТЕ ЗА ПАРИ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ Се очекува градежна и екoномска експанзија во целата земја

Само два од 288 договори ќе треба повторно да се објават поради технички проблеми во јавните набавки, рече министерот за локлана самоуправа Златко Перински.

575

Повеќе од 200 договори потпишаа општините кои конкурираа за финансиски средства за реализација на инфраструктурни проекти, а само два ќе треба повторно да се објават поради технички проблеми, изјави денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински.

– Задоволни сме од работењето на локалните самоуправи поради тоа што повеќе од 200 од вкупно 288 проекти што се контрактираа за да добијат средства од централниот Буџет, веќе се склучени договорите и ќе влезат во фаза на изведба. Само два од овие 288 договори ќе треба повторно да се објават поради технички проблеми во јавните набавки. Очекуваме со подобрување на временските услови, градежна и екoномска експанзија на целата територија – рече Перински пред вториот консултативен состанок за Предлог-измените на Законот за локална самоуправа што се одржува во Штип.






Новиот повик се очекува да биде објавен во почетокот на февруари, а претходно во последната недела од јануари да помине на владина седница.

Поврзани содржини