ПОВЕЌЕ ОД 2.000 ПРОИЗВОДИ НА САЕМОТ „ВКУСИ ЈА ТРАДИЦИЈАТА“ Српската министерка Танасковиќ и дипломати ги пробаа македонската храна и вино

На просторот во Градски парк, се поставени 80 штандови, се готви вкусна традиционална храна од познати готвачи.

781

Денеска во Градскиот парк, се одржува второто издание на Националниот саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата”.

На саемот се претставија повеќе од 400 производители, со повеќе од 2.000 домашни производи, кои го презентираат македонското земјоделство и гастрономија.






Денеска, овде, ја славиме традицијата, но истовремено ја испраќаме и пораката дека зголемување на домашното производство на земјоделски производи и храна е еден од најважните приоритети на Владата. Економската и енергетската криза покажаа колку е важно да произведуваме доволно за дома, но и за извоз, за да ја зајакнеме економијата. Тоа подразбира стратегија која опфаќа повеќе сегменти, од модел на субвенции, капитални инвестиции, советодавни услуги, европски фондови до вложување во човечки ресурси. Затоа, презедовме низа мерки за поддршка на домашното производство на храна, како што е новиот модел за субвенции, капитални инвестиции во водостопанството,  поддршката за малите производители на храна, за малите семејни винарии, за младите земјоделци, за жените земјоделки и други мерки – изјави премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на манифестацијата.

На настанот, чиј домаќин беше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствуваа бројни гости, претставници на Владата, дипломатскиот кор како и гости од странство, меѓу кои министерката за земјоделство на Србија, Јелена Танасковиќ.

 

Националниот саем се одржува втора година по ред во заедничка соработка со Слоу Фуд Македонија, а прв пат со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

На просторот во Градски парк, се поставени 80 штандови, се готви вкусна традиционална храна од познати готвачи.

Настанот е во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со поддршка од Слоу Фуд Македонија и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), а се одржува под мотото „Taste life, taste tradition” односно „Вкуси го животот, вкуси ја традицијата”.

 

Поврзани содржини