ПОВЕЌЕ ОД 100.000 ГРАЃАНИ НЕМА ДА МОЖАТ ДА ГЛАСААТ НА ИЗБОРИТЕ! Министерот Тошковски тврди дека е извршен изборен инженеринг

Според последните проверки од министерство, повеќе од 100.000 луѓе немаат лична карта и единствено со пасош може да се легитимираат во рамки на избори за остварување на своето право на глас – рече министерот за внатрешни работи.

1,575

Повеќе од 100.000 граѓани на земјава, коишто немаат важечка лична карта, a имаат пасош со старото име на државата, нема да можат да го остварат своето основно право на глас на следните парламентарни и претседателски избори, вели техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во неговото гостување на ТВ Алфа.

– Станува збор за минимум 100.000 граѓани кои што имаат важечка, односно неважечка патна исправа со старото име на државата кои што заради овие 54 пратеници нема да можат да го остварат своето право на глас. Зошто не може да го остварат? Затоа што овие над 100.000 граѓани, резиденти над 18 години, согласно последните проверки кои што ми ги дадоа луѓето од министерство, немаат лична карта и единствено со пасош може да се легитимираат во рамки на избори за остварување на своето право на глас. Дали не сте загрижени дека единственото логично образложение зошто овие 54 пратеници не гласале е класичен изборен инженеринг на овие парламентарни и претседателски избори? 100.000 луѓе е фрапантна бројка имајќи предвид кој е бројот на државјани на Република Македонија и кој е бројот на оние граѓани кои што имаат важечки документи за идентификација – рече Тошковски.






Министерот Тошковски јавно упати прашање до пратениците од владејачкото мнозинство дали 54-те пратеници кои не ги поддржаа законските измени за патни исправи се вклучени во изборен инженеринг со којшто се дискриминираат граѓаните на кои што оваа држава им издала важечка патна исправа, а сепак не можат да го остварат своето основно право на глас.

 

Поврзани содржини