ПОВЕЌЕ ОД 1,6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗАРАБОТИ ГРЦИЈА ОД ТУРИЗМОТ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Германците биле најбројни посетители

Во првиот квартал од годината, приходите од патувања скокнаа за 64,3%, надминувајќи 1,67 милијарди евра.

18

Грција во првиот квартал од годинава бележи високи стапки на раст во однос на бројот на посетители и приходите. Овие резултати добиваат особено значење со оглед на тоа што клучните пазари за домашниот туристички производ, како што се поширокиот Блиски Исток и Израел, во суштина беа затворени поради воени конфликти на САД и Израел против Иран, пишува Екатимерини.

Податоците објавени од Централната банка на Грција покажуваат дека во периодот јануари-март, бројот на туристи е зголемен за 38,3%, достигнувајќи 3,4 милиони.






Дополнителен раст е забележан и во бројот на посетители преку аеродромите, кој е зголемен за 18,8%, и преку копнените гранични премини, кој забележа раст од 84,3%.

Трендот продолжил и во март, кога биле регистрирани 1,27 милиони туристи, што претставува раст од 38% во однос на истиот период лани.

Зголемениот проток на посетители директно се одрази и на приходите од патувања, кои се движеа со уште поголемо темпо.

Во првиот квартал од годината, приходите од туризмот скокнаа за 64,3%, надминувајќи 1,67 милијарди евра. Соодветно, само во март, приходите се зголемија за 55,6% и изнесуваа 669,4 милиони евра.

Главен фактор за овој раст бил значителниот пораст на просечната потрошувачка по турист. Таа се зголемила за 19,9% во првиот квартал и за 13,8% во март.

Според бројот на посетители, на прво место била Германија со 297.300 туристи, по што следуваат Обединетото Кралство со 250.000, САД со 172.500 и Италија со 159.600 посетители.

Поврзани содржини