ПОВЕЌЕ ОД 1.300 ФИЛМСКИ АВТОРИ И АКТЕРИ ОДБИЈА СОРАБОТКА СО ИЗРАЕЛСКИТЕ ФИЛМСКИ ИНСТИТУЦИИ Обвинуваат за геноцид врз Палестинците

 Потсетувајќи на пресудата на Меѓународниот суд на правдата (МСП) дека постои веројатен ризик од геноцид во Газа, во соопштението се вели дека слободата за сите луѓе е длабока морална должност што никој од нас не може да ја игнорира.

261

Повеќе од 1.300 имиња во филмската индустрија ветија дека ќе одбијат да соработуваат со израелските филмски институции вклучени во геноцид и апартхејд против палестинскиот народ. Маѓу нив се и добитниците на наградите Оскар, БАФТА, Еми и Кан.

Во изјавата, потпишана од филмски режисери, актери, работници во филмската индустрија и институции, се наведува дека ја признаваат моќта на филмот да ги обликува перцепциите и ветуваат дека нема да соработуваат со израелските филмски институции.






„Во овој итен момент на криза, каде што многу од нашите влади го овозможуваат масакрот во Газа, мора да направиме сè што можеме за да се справиме со соучеството во овој непопустлив ужас“, се вели во соопштението.

Потсетувајќи на пресудата на Меѓународниот суд на правдата (МСП) дека постои веројатен ризик од геноцид во Газа, во соопштението се вели дека слободата за сите луѓе е длабока морална должност што никој од нас не може да ја игнорира.

„Одговараме на повикот на палестинските филмски режисери, кои ја повикаа меѓународната филмска индустрија да го отфрли молчењето, расизмот и дехуманизацијата и да направи сè што е човечки можно за да се стави крај на соучеството во нивното угнетување. Инспирирани од организацијата „Обединети против апартхејдот“, филмските работници кои одбија да ги прикажат своите филмови во апартхејд Јужна Африка, ветуваме дека нема да прикажуваме филмови, да се појавуваме или на друг начин да соработуваме со израелските филмски институции, вклучувајќи фестивали, кина, радиодифузери и продуцентски компании, кои се вклучени во геноцид и апартхејд против палестинскиот народ“, се вели во соопштението.

Потписниците се Оливија Колман, Хавиер Бардем, Ејми Лу Вуд, Сузан Сарандон, Марк Руфало, Риз Ахмед, Тилда Свинтон, Џулија Савалха, Миријам Марголјес, Кен Лоуч и Џулиет Стивенсон.

Израел уби повеќе од 64.500 Палестинци во брутална офанзива во Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.

Поврзани содржини