Повеќе од 1.000 продавници на „Zara“ ќе бидат затворени

Затворањето на продавници најмногу се очекува во Азија и во Европа. „Guardian“ пишува дека се очекува да се затворат 107 продавници низ Велика Британија.

849

Сопственикот на ланецот за облека, Амансио Ортега ќе се обиде да ја зголеми онлајн продажбата за време на хаосот предизвикан од пандемијата од коронавирусот.

„Inditex“, групацијата чија главна марка е „Zara“, планира да затвори меѓу 1.000 и 1.200 претежно помали продавници.






Загубите на „Inditex“ најмногу се концентрирани меѓу останатите продавници на брендови постари од „Zara“. Освен „Zara“, шпанската групација „Inditex“ поседува и брендови како „Bershka“, „Pull&Bear“ и „Massimo Dutti“.

Затворањето на продавници најмногу се очекува во Азија и во Европа. „Guardian“ пишува дека се очекува да се затворат 107 продавници низ Велика Британија.

Од „Inditex“, порачаа дека бројот на вработени ќе остане стабилен, а на вработените им се нудат други работни места во компанијата, како што се подготовка на стоки за онлајн продажба.

Вкупниот број на продавници ќе се намали од 7.412 на помеѓу 6.700 и 6.900 по реорганизацијата, што ќе вклучува и отворање на 450 нови бутици.

Поврзани содржини