РЕЧИСИ 1.000 КОМПАНИИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Годинава бројот на стручни паралелки порасна на 875

Од првата паралелка за ваков вид образование до сега се сертифицирани 1.500 ментори во компании.

139

Зголемен е бројот на ученици што се запишуваат во стручните училишта – за шест години евидентиран е раст од 12,2%. Но, бенефитот од дуалното образование сè повеќе го препознава и бизнис-заедницата – речиси 1.000 компании веќе се вклучени во овој процес.

Според Стопанската комора, во учебната 2025/2026 година Македонија има 65 стручни училишта и 875 дуални паралелки.






Од првата паралелка за ваков вид образование до сега се сертифицирани 1.500 ментори во компании.

– За шест години евидентиран е раст од 12,2% на уписот на ученици во стручно образование. Запишани ученици во стручно образование во учебната 2019/2020 година е 64%, а во учебната 2025/2026 година 71,8%. Во учебната 2019/2020 година во дуалното образование биле вклучени 11 компании, во 2021/2022 година 211 компании, во 2022/2023 година 500 компании, во 2023/2024 година 560 компании, во 2024/2025 година 600 компании, а во 2025/2026 година речиси 1.000 компании. Бројот на стручни училишта во учебната 2019/2020 година бил четири, со по една дуална паралелка, а во 2025/2026 година е 65 стручни училишта и 875 дуални паралелки – вели Наташа Јаневска, проектен менаџер за образование во Стопанската комора.

Таа истакна и дека се обезбедени и  7,6 милиони евра за опремување 12 стручни училишта и 5 факултети во конзорциум со 86 компании/организации преку Германската развојна банка.

 

Поврзани содржини