Последната фотографија што ја објави Игор Џамбазов на својот профил на Инстаграм уште повеќе ги подгреа шпекулациите дека шоуменот и алпинистката се во врска.
Игор Џамбазов карантинот ги минува во Дојран. Друштво му прави и планинарката Илина Арсова, со која Џамбазов е неразделен, а дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство – докажуваат фотографиите што и двајцата ги објавуваат на социјалните мрежи, на кои може да се види дека уживаат во дружбата.
Особено внимание привлече последната фотографија што ја објави Џамбазов, а на која пак со широки насмевки на лицето позираат тој и Илина.
„Ние младите денес празнуваме“, напишал шоуменот покрај фотографијата.
Актерката Весна Петрушевска им порача дека наскоро ќе им се придружи во Дојран.
„Кумава ќе дојде само да заврши локдаунов…“
Фото: Инстаграм