ПОВЕЌЕ НЕ Е ВО МОДА КУПУВАЊЕТО АЛБАНКИ, РУСИНКИТЕ ГИ ЗАМЕНИЈА Цените ќе ве изненадат, каква е понудата?
Доколку клиентот сака невестата да биде помлада шест или повеќе години треба да ја плати ВИП услугата која чини вкупно 1.500 евра.
Во Македонија е актуелно купувањето на невести од Албанија, а истиот тренд важи и во Србија, сепак модата полека се менува и на сцената стапуваат Русинките.
За новиот тренд на склучување бракови со сопруги од други земји зборуваат сопствениците на српска агенција за посредување, пишува српски Курир.
Колку чинат овие услуги, какви се искуствата на мажите со Русинки, зошто ги сакаа за сопруги и што велат жените од Русија за бракот со мажи од балканските простори, ги споделуваме овие искуства.
Од српската агенција велат дека стотици жени од Русија изјавиле дека би сакале Србин за сопруг.
Меѓу Русинките кои бараат брак во Србија, повеќето се на возраст од 29 до 35 години. Најчесто бараат маж кој е финансиски стабилен, не повеќе од 50 години и висок.
– Тие немаат проблем да се откажат од работата и кариерата, и да се преселат во Србија и да живеат во оваа земја. Тие сакаат да се посветат на своите семејства, а тоа е она што Србите најмногу го ценат – изјави сопственикот на агенцијата.
Како што велат од агенцијата за посредување, заинтересираните клиенти имаат понуда од неколку опции, па можат да ја изберат онаа која најмногу им одговара, но секако дека нема гаранција.
За сопруга која е на иста возраст со мажот се потпишува договор, се плаќа годишна членарина од 700 евра и по бракот, се плаќаат уште 300 евра.
Доколку клиентот сака невестата да биде помлада шест или повеќе години треба да ја плати ВИП услугата која чини вкупно 1.500 евра.
– Една од причините за барање сопруг во Србија е тоа што во Русија има многу повеќе жени отколку мажи и „конкуренцијата е огромна“. Друга причина е што скоро сите наши мажи се високи, впечатливи црни, „вистински мажи“ – велат од агенцијата.
Друга причина која ја наведуваат жените од Русија е дека тие повеќе се сложуваат со Србин отколку со Холанѓанец или Германец.
Иако ретко се случува, сепак има и голем број од оние кои имале лошо искуство со балканскиот народ.
Анастасија Рансикаја од Владивосток вели дека била седум години во брак со Србин и вели дека Србите генерално се многу темпераментни, премногу емотивни, разгалени и љубоморни.
– Србите се само слаткоречиви и љубезни во почетокот, потоа стануваат неверни и непослушни, скоро сите. Но, најлошото од се е врската со мајките. Што предизвикува проблеми за секого. Не го знаев тоа сè додека не се омажив, но тогаш видов што е тоа проблем – вели Анастасија.
Условите кои Србите ги нудат се навистина подобри од тие кои би ги имале во Русија. За возврат тие бараат нивната сопруга да биде помлада, убава, русокоса, да дојде во Србија и да се адаптира на целиот начин на живот.