Повеќе хоспитализирани со ковид-19 има во болниците низ земјава отколку во Скопје

560 лица се хоспитализирани поради компликации со коронавирусот во земјава, од нив 234 се во Скопје, а 326 во другите градови.

576

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 560. Од нив 234 се хоспитализирани во Скопје, а 326 во другите градови.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 18 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. На интерните клиники имало 6 приеми, во ГОБ „8 Септември“ 8, на Инфективната клиника 4, а дома се пуштени 18 оздравени пациенти.






Во моментов во ковид центарот на Кожната клиника се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 23, на Институтот за ТБЦ 21, во ГОБ „8 Септември“ 77, на Клиниката за инфективни болести 81, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле 12 пациенти.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 21 пациент, во Штип 37, во Тетово 18, Велес 28, Куманово 45, Охрид 50, Прилеп 20, Гостивар 15, Струга 18, Струмица 20, Кочани 6, Кичево 8, Кавадарци 21, Гевгелија 6, Дебар 13.

Поврзани содржини