ПОВЕЌЕ ГЛАСАЧИ ОТКОЛКУ ЖИТЕЛИ! Збунувачки бројки на избирачкиот список во Дебар и Центар Жупа

Во општина Дебар со право на глас се запишани 19.334 лица, наспроти 15.412 колку што според пописот има жители, додека во Центар Жупа резидентно население има 3.720, а во единствениот избрачки список бројката е речиси дватати поголема, односно запишани се 7.393 лица со право на глас.

591

Во единствениот избирачки список, во општините Дебар и Центар Жупа, запишани се поголем број лица, отколку што има регистрирани жители според пописот од 2021 година.

Во општина Дебар со право на глас се запишани 19.334 лица, наспроти 15.412 колку што според пописот има жители, додека во соседната општина Центар Жупа резидентно население има 3.720 а во единствениот избрачки список бројката е речиси дватати поголема, односно запишани се 7.393 лица со право на глас.






– На прв поглед овој податок збунува, но тоа е појава која е присутна и во други општини, како што е повеќе изборни циклуси наназад и во соседната општина Маврово и Ростуше. Тоа е поради масовната миграција присутна во овој крај. Поконкретно бројот на гласачи е поголем бидејќи во него се и нашинците кои се во странство, а поседуваат лични документи на нашата држава – изјави за МИА, Неџип Илјаз претседател на Општинската изборна комисија за Центар Жупа.

Подготовките за престојните избори течат непречено.

– Денеска во Дебар заврши петневната обука на 270 членови за 27 избрачки избори, како и за ОИК. На 3 април  успешно заврши четиридневната обука во Центар Жупа за 160 членови на 16 избирачки одбори и ОИК – рече за МИА, Али Реџа одговорен на тричлената екипа обучувачи.

Според првите луѓе на ОИК разгледани се доставените барања и документацијата и одлучено е во вторник во домашни услови да гласаат 32  изнемоштени  и болни лица во општина Дебар и 5 во Џентар Жупа, колку што и се пријавиле.

Двете општини се дел од 5. изборна единица, ќе се гласа на 27 односно, 16 гласачки места, кои главно се сместени во простории на училиштата

Поврзани содржини