ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА, ПОМАЛ ЗАМОР Mivolis магнезиум таблети за само 129 денари во dm продавниците
Со Mivolis, dm уште еднаш покажува дека грижата за здравјето не мора да биде скапа или комплицирана. Квалитетни додатоци во исхраната, внимателно развиени и достапни по поволни цени, се вистинска поддршка за секојдневна благосостојба.
„Здравјето пред сѐ!“ е принцип кој започнува со секојдневни, свесни избори. Со современиот начин на живот, кога обврските често ја ставаат грижата за себе на второ место, балансираната исхрана и доволниот внес на витамини и минерали се клучни за одржување на добрата физичка и ментална благосостојба. Токму тука значајна улога имаат додатоците во исхраната како практична поддршка за организмот.
dm марката Mivolis нуди сигурни и висококвалитетни додатоци во исхраната, по цени кои ја прават грижата за здравјето достапна за секого. Производите се подложени на редовни и строги контроли за квалитет, со внимателно одбрани суровини и јасен фокус на сигурноста и ефикасноста.

За секојдневна поддршка на срцето и општата виталност, Mivolis омега-3 капсулите се практичен избор, по цена од 229 денари. Овој додаток во исхраната содржи масло од морска риба, богато со омега-3 масни киселини EPA и DHA, кои придонесуваат за нормална функција на срцето. Формулата е дополнета со витамин Е, кој придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес, а пакувањето од 60 капсули нуди одлична вредност за потрошените средства.

Кога станува збор за микроелементи кои телото не може самостојно да ги произведе, Mivolis мини таблетите од селен, по цена од само 89 денари, се едно од најдостапните решенија. Селенот придонесува за нормална функција на тироидната жлезда и имунолошкиот систем, како и за заштита на клетките од оксидативен стрес. Малите таблети се практични за секојдневна употреба и лесно се вклопуваат во рутината.

За поддршка на мускулите, нервниот систем и енергетскиот метаболизам, Mivolis магнезиум таблетите нудат сигурна формула по цена од 129 денари. Магнезиумот придонесува за рамнотежа на електролитите и за намалување на заморот и малаксаноста, што го прави особено погоден за лица со активен начин на живот или зголемен физички напор.

Во периоди кога имунитетот има потреба од дополнителна поддршка, Mivolis капсулите со цинк и витамин Ц, достапни по цена од 159 денари, нудат практично решение со продолжено ослободување. Со една капсула дневно, цинкот и витаминот Ц постепено се апсорбираат во организмот, придонесувајќи за нормална функција на имунолошкиот систем и заштита на клетките од оксидативен стрес.

За оние кои сакаат да се грижат и за убавината одвнатре, Mivolis комплексот витамини за коса, по цена од 179 денари, нуди внимателно избрана комбинација на биотин, цинк, селен, бакар и витамини од Б-групата. Оваа формула придонесува за одржување на нормална коса, кожа и нокти, како и за нормален енергетски метаболизам – сѐ во едно пакување со секогаш поволни цени.
Со Mivolis, dm уште еднаш покажува дека грижата за здравјето не мора да биде скапа или комплицирана. Квалитетни додатоци во исхраната, внимателно развиени и достапни по поволни цени, се вистинска поддршка за секојдневна благосостојба.