ПОВЉУБЕНИ ОД КОГА БИЛО Џенифер Лопез и Бен Афлек за меден месец го одбраа најромантичниот град (ФОТО)

Тие уживаат на меден месец во еден од најромантичните градови во светот. Двојката реши да отпатува за Париз, придружувана од ќерките на Бен од првиот брак.

309

Латино дивата Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек по венчавката заминаа на меден месец во Париз. Тие уживаат на меден месец во еден од најромантичните градови во светот. Двојката реши да отпатува за Париз, придружувана од ќерките на Бен од првиот брак.

Гостите во ресторанот „Ле Матињон“ биле изненадени кога синоќа ги виделе младенците како пристигнуваат на вечера во четвртокот навечер.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by c a m i l a (@jlossnake)


Двојката пристигнала на аеродромот „Le Bourget“ со приватен авион само неколку часа порано.

Џенифер и Бен не губеле време и веднаш излегле и го започнале медениот месец по венчавката.

Влегувајќи во ресторанот во близина на Елисејските полиња, славните младенци се држеле за рака додека барале маса на терасата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chismexcepción (@chismexcepcion)


„Кога се појавија изгледаа на типични Американци рекол еден гостин.

Лопез блескала во прекрасен црвен фустан, а косата ѝ била поткрената и успеала да го задржи свежиот и природен изглед.

Парот останал околу два часа во луксузниот ресторан и танцов клуб, пред да се врати во својот хотел.

Бенифер се венчаа на интимна церемонија во Лас Вегас за време на викендот.

 


ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини