ПОУБАВА ДРОГЕРИЈА НА СТАРО МЕСТО Се реновира dm на Бит-пазар, попусти за најбрзите

174

Заради реновирање, дрогеријата на булеварот Крсте Мисирков бр. 61, на Бит-пазар во периодот од 7 мај до 14 јуни 2023 година ќе биде затворена. По тој повод, dm на своите купувачи им нуди –15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ..и на веќе намалените производи! Овие попусти ќе траат од 4 до 6 мај.

Дополнително, до 6 мај 2023 со секоја сметка во оваа дрогерија ќе добиете ваучер со -15% попуст за вашето следно пазарување во дрогеријата на dm во Vero Center.






– Изминаа повеќе од 10 години од отворањето на оваа дрогерија. Со задоволство се присетуваме на веселата атмосфера, дружбата, забавата и сето ова придружено со убави попусти. Оттогаш, dm е вашиот синоним за нега и убавина, како и место на кое може да пронајдете сѐ што ви треба – органска храна, додатоци во исхрана, производи за нега на бебиња, производи за домаќинство – велат од компанијата.

Сега, на вашето омилено место за пазарување му дојде време за разубавување! Затоа, списоците во рака и упатете се во dm на шопинг. Следното пазарување во оваа дрогерија ќе можете да го направите на 15 јуни.

Поврзани содржини