ПОТВРДЕНО, УТРЕ ЌЕ МУАБЕТАТ БАЈДЕН И ПУТИН Нема Нова Година за светските лидери
Американскиот претседател претходно на онлјан-средба месецов го предупреди Путин дека САД и нивните сојузници ќе воведат разорни економски санкции кон Русија доколку Украина биде нападната.
Утре, ден пред Нова Година, на барање на Москва, за состојбата во Украина телефонски ќе разговараат Џо Бајден и Владимир Путин, а Американецот ќе го убедува Русинот дека сè може да се реши на дипломатски начин, изјавил анонимен претстаниа на американската администрација, јавува Гласот на Америка.
Во меѓувреме, сите ја исчекуваат и официјалната тет-а-тет средба меѓу лидерите која е најавена за 12 јануари вгодина во Женева.
– Администрацијата на Бајден останува вклучена во сеопфатна дипломатија со нашите европски сојузници и партнери, со кои се консултираше и координираше за заеднички пристап за одговор на трупањето руски војници на границата со Украина – изјави Емили Хорн, портпаролка на Советот за национална безбедност на САД.
Американскиот претседател претходно на онлјан-средба месецов го предупреди Путин дека САД и нивните сојузници ќе воведат разорни економски санкции кон Русија доколку Украина биде нападната.
Москва ги отфрли обвинувањата дека има намера да изврши окупација на Украина. Русија, исто така, сака правно обврзувачки гаранции дека НАТО ќе се откаже од воените активности во Централна и Источна Европа и дека нема да ги прими Украина и другите поранешни советски републики за членки, што Западот веројатно нема да го исполни.