ПОТВРДЕНИ СИПАНИЦИ НА ОВЦИ И КОЗИ ВО 4 ОДГЛЕДУВАЛИШТА ВО ЛОПАТЕ Преземени се мерки за сузбивање на болеста

Агенцијата презела соодветни мерки за сузбивање на болеста, спречување на нејзино ширење и нејзино ставање под контрола.

23

Болеста сипаници кај овци и кози е потврдена во четири одгледувалишта, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Болеста, според АХВ, првпат болеста била евидентирана во одгледувалиште во кумановско Лопате, пред еден месец.






– Досега болеста е потврдена во четири одгледувалишта. Во првото примарно жариште убиени и нештетно отстранети се 65 овци. Во останатите две жаришта вкупно се уништени вкупно 61 овца-информираа од АХВ.

Агенцијата презела соодветни мерки за сузбивање на болеста, спречување на нејзино ширење и нејзино ставање под контрола.

– Со решенијата дефинирани се заштитна и зона под надзор, од три и од десет километри. Наложени и спроведени се мерки за убивање и нештетно уништување и животните во одгледувалиштата каде е потврдено присуството на вирусот, забрането е движење на животни од видовите овци и кози во зоните, а се спроведува и попис на сите одгледувалишта и клинички преглед на животните и во случај на сомнеж земање на примероци за лабораториско тестирање. На одгледувалиштата каде што болеста е потврдена наредено е спроведување на мерки за чистење, дезинфекција и третман на просториите, возилата и опремата – велат од Агенцијата.

За утврдување на можниот извор и ширење на болеста се спроведува и епидемиолошко испитување.

-Со решенијата, наредено е задолжително зајакнување на биосигурносни мерки на фармите во двете зони. За спречување на ширење на болеста забранета е работата на добиточни пазари за сите приемчиви животни (овци и кози), одржување на изложби или друг вид на спортски настани во целата држава- велат од АДВ..

Агенцијата ќе ги засили бројот на контроли на одгледувалиштата на овци и кози во однос на примената на идентификација и регистрацијата на животни, нивните движења и здравствената состојба на животите.

-Болеста не е зооноза, односно не се пренесува и не е опасна за луѓето, но, може да предизвика големи економски загуби-велат од АХВ.

Суровото млеко добиено од животните и производите добиени од тоа млеко може да се стави во промет по термички третман/пастеризација на 72 степени целзиусови во времетраење од петнаесет минути, на одгледувалишта или во одобрен објект и оператор со храна од животинско потекло – сурово млеко и производи од млеко во зоната под надзор, што опфаќа територија околу позитивното одгледувалиште од десет километри. Суровото млеко и производи од млеко надвор од рестриктивните зони може да се употребува.

Со донесеното решение забрането е движење на сите приемчиви животни во и од заштитната зона (три километри) и во зоната под надзор (10 километри) со цел колење во одобрен објект и оператор со храна – кланица за домашни чапункари во зоната.

Пред да бидат натоварени животните мора да бидат клинички прегледани и не смеат да покажуваат знаци на болеста.

Што се однесува до домашното колење (во двете зони), задолжително мора да се пријави кај надлежното ветеринарно друштво кое мора да изврши клинички преглед на животните и за колењето да го извести официјалниот ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во регионот болеста е присутна на територијата на Грција, во Бугарија и во Србија.

 

Поврзани содржини