Потврдени 177 нови случаи на заболени со ковид-19

2,166

Во изминатото деноноќие во нашата земја се извршени 1.245 тестирања за ковид-19, потврдени се нови 177 позитивни случаи.

Од Институтот за јавно здравје за МИА информираа дека најмногу позитивни случаи од коронавирус се регистрирани во Скопје – 105 лица.






Од почетокот на епидемијата во земјава досега се регистрирани 2.787 заболени лица од Ковид-19, во моментов се активни 1.009 случаи.

 

Поврзани содржини