ПОТВРДЕНА СМРТТА НА ДВАЈЦА ИЗРАЕЛСКИ ЗАЛОЖНИЦИ НА ХАМАС Израел ги истражува околностите

Семејствата на 76-годишниот Алекс Дансиг и на 35-годишниот Јагев Бухштаб се информирани за нивната смрт во заробеништво, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ).

539

Израел денеска ја потврди смртта на двајца заложници киднапирани од палестинската милитантна група Хамас за време на терористичките напади на 7 октомври, од кои едниот е истакнат полско-израелски историчар.

Семејствата на 76-годишниот Алекс Дансиг  и на 35-годишниот Јагев Бухштаб се информирани за нивната смрт во заробеништво, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ), јави ДПА.






Нивните тела сè уште ги држи Хамас, соопштија ИДФ.

Одлуката за јавна потврда на смртта на двајцата заложници е заснована на разузнавачки информации и е „одобрена од експертска комисија“. Се истражуваат околностите на нивната смрт додека биле во притвор на Хамас, соопшти војската.

Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица, тело формирано од роднините на киднапираните на 7 октомври, им оддаде почит на двајцата мажи.

Поврзани содржини