ПОТВРДЕНА Е ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА ЗА ПАЛЕ Остатоци од ДНК-та потврдиле дека нејзиниот партнер ја давел
ДНК од ноктите на покојниот полицаец покажале дека тој навистина ја давел и дека Павлина дејствувала во самоодбрана.
Апелациониот суд во Скопје ја потврди ослободителната пресуда за велешанката Павлина Иловска која го усмрти својот партнер додека тој ја давел. Пресудата е конечна. Претходно, граѓаните потпишаа петицијата со која бараа Павлина да биде ослободена бидејќи дејствувала во самоодбрана.
ДНК од ноктите на покојниот полицаец покажале дека тој навистина ја давел. Пресудата на судијката Габриела Гајдова ја потврди и Вишото обвинителство кое побара Апелација да ја одбие жалбата на ОЈО Велес.