Потрошил едно чудо пари за изгледа како „alien“, а вели дека е на само 16 проценти (ФОТО+ВИДЕО)
Французинот Ентони Лофредо мораше да отпатува во Барселона за да му бидат извршени модификациите кои се нелегални во Франција.
Екстремниот љубител на телесни модификации вели дека е на само 16 проценти од својот проект „Black Alien“.
Французинот Ентони Лофредо мораше да отпатува во Барселона за да му бидат извршени модификациите кои се нелегални во Франција.
View this post on Instagram
Proyecto 💪💪💪💪 🚀⌛⌛ – BŁλ₡ƙ λŁłE₦ PƦØJE₡₸ EVØŁU₸łØ₦ . – @oscarmarquezbodymod
Иако модификацијата на телото станува се популарна, Лофредо дефинитивно ја одведе во нови крајности. Освен што сега нема нос и јазикот му е поделен на два дела, Лофредо ја тетовираше целата кожа и белките во очите, има присови по целото лице, вклучувајќи и низ брадата, а во главата му се вградени импланти, а се чини и дека му се отстранети ушите.
Во интервју во 2017 година, тој говореше за своите соништа да изгледа како вонземјанец.
View this post on Instagram
🅽🅰🆂🅰 @nasa 🚀🚀🇺🇸🇺🇸 – 🅱🆈 @oscarmarquezbodymod – 🅱🅻🅰🅲🅺 🅰L🅸🅴🅽 🅿🆁🅾🅹🅴🅲🆃 🅴🆅🅾🅻🆄🆃🅸🅾🅽
– Уште од мал бев многу страствен кон мутациите и трансформациите на човековото тело – кој рекол дека работејќи како обезбедување сватил дека не го живее својот живот онака како што сака.
На својот проект тој работи со години, а за повеќето негови модификации е заслужен артистот од Барселона, Оскар Маркез, кој и самиот е љубител на телесните модифицкации. Тој на Инстаграм неодамна покажа како изгледал пред шест години.
View this post on Instagram
Претходно овој месец Лофредо објави видео на кое се гледа дека повеќе нема нос.
– Како во сон… го живеам овој сон… – напиша тој и му се заблагодари на Маркез.
Со фотографијата која ја објави вчера, Лофредо откри дека неговиот проект „Black Alien“ е завршен само 16%.