ПОТРЕСОТ ЈА ЗАОБИКОЛИ МАКЕДОНИЈА Еве како земјотресот во Туркије ја здрма цела Европа, а нас нѐ одмина (ВИДЕО)

На видеото се гледа како се шири сеизмолошкиот бран по катастрофалниот потрес, а него го забележале сеизмолозите низ Европа.

6,282

Данскиот геолошки институт денеска соопшти дека земјотресите регистрирани денеска во Туркије се почувствувани дури до Гренланд.

Имено, потресот со јачина од 7.8 степени според Рихтеровата скала кој ја погоди јужна Туркије се почувствувал во многу други земји во регионот вклучувајќи ги и Сирија каде во двете земји досега загинале над 1.000 луѓе.






Сеизмологот Стивен Хикс смета дека потресот кој се случил утрово може да биде најсилен во историјата на оваа земја.

Потресот се почувствувал и во Либан и Израел. Епицентарот бил на 23 километри источно од Нурдаги во турската провинција Газиантеп на длабочина од 24,1 километар.

На видеото се гледа како се шири сеизмолошкиот бран по катастрофалниот потрес, а него го забележале сеизмолозите низ Европа.

Интересно е тоа што бранот целосно ја заобиколува Македонија.

Погледнете ја анимацијата:

Поврзани содржини