Потресно сведоштво на тепаниот во Струмица: Ме тепаа телохранителите на Заев, ме удираа со стапови, а тргнаа да ме прегазат и со кола (ВИДЕО)
На кружниот тек, додека ја преминував улицата, обезбедувањето на Заев со автомобил тргна кон мене за да ме прегази. Ако има таму камера, слободно нека ја вратат снимката и ќе видат како сакаа да ме прегазат со возило, раскажува Вцков.
Струмичанецот Игор Вцков, кој вчера брутално беше истепан во центарот на Струмица, денеска се вклучи во живо на социјалните мрежи и разговараше со Геге Демировски од Народната партија на Ромите.
Тој раскажа како ескалирала ситуација, а соопшти и детали кои не можеа да се видат на вознемирувачкото видео, а тоа е дека, како што тврди, обезбедувањето на премиерот Зоран Заев најпрво се обидело да го прегази со автомобил.
Според Вцков, полицијата го проследила целиот инцидент, но тепачите им рекле на полицајците да не се мешаат.
– Целата работа започна во казиното кога јас побарав пиво, но девојчето кое работи таму ми рече дека нема пиво. Јас си продолжив да играм на апаратот, а одеднаш пристигнаа десетина луѓе од обезбедувањето на премиерот Зоран Заев и започнаа да ме тепаат. Ме удираа со палки и со стапови, а јас ги молев да не ме тепаат. За среќа, дојде една женичка, ме крена и јас тргнав да си одам дома. Но, на кружниот тек, додека ја преминував улицата, обезбедувањето на Заев со автомобил тргна кон мене за да ме прегази. Ако има таму камера, слободно нека ја вратат снимката и ќе видат како сакаа да ме прегазат со возило – раскажува Вцков.
Тој вели дека во тој момент повторно обезбедувањето на Зоран Заев излегло од возилото и започнало да го тепа со стапови.
– Излегоа од колата и почнаа да ме удираат по целото тело. Душата ми излегуваше, немаа жал – вели Вцков.
Во продолжение, погледнете го видеото: