Потресно сведоштво на родилка од Дебар: Влегла во операциска сала, се разбудила без бубрег, матка и јајник ВИДЕО

Влезот во операциската сала е последното нешто на што се сеќава. 10 дена била во кома, а се разбудила во Скопје на КАРИЛ без едниот бубрег, матката и јајникот.

676

Јелдз Веапоска од Дебар, медицинска сестра од итната помош, преживува вистинска голгота откако се породила во болницата во Струга со царски рез, но од операцијата излегла без матка, бубрег и без еден јајник.

Таа за Сител ја раскажа голгота низ која поминала.






-Јас добивам огромни напади, плачам, пискам, викам и кажувам дека имам огромни болки. Му се јавувам на мојот сопруг, му велам: „Јас умирам, барај го докторот“, додавајќи дека откако дошол д-р Асани заедно со анестезиологот, ѝ направиле ЕХО и ѝ рекле дека мора да влезат во операциската сала.

На Веповска не ѝ било јасно зошто повторно треба да оди на операција, а медицинскиот персонал не ѝ кажувал зошто треба да се оперира. Влезот во операциската сала е последното нешто на што се сеќава. 10 дена била во кома, а се разбудила во Скопје на КАРИЛ без едниот бубрег, матката и јајникот.

Поврзани содржини