Потресно сведоштво на Парис Хилтон: На 16 години ме дрогираа и ме гледаа гола под туш

1,522

Познатата богата наследничка Парис Хилтон сведочела за злоупотребата што ја доживеала во интернатот, во училиштето „Прово Кањон“ во Јута.

Триесет и деветгодишната Парис вели дека секојдневно таму била „вербално, психички и физички злоставувана“ кога имала 16 години. Во тој интернат починала една година.






– И покрај тоа што училиштето Прово Кањон се рекламираше како водечки центар за лекување, се чинеше како самиот пекол на земјата. Плачев сè додека не заспијам секоја вечер, молејќи се да се разбудам од тој кошмар – изјавила Хилтон на суд.

„Кога имав 16 години, двајца мажи ме разбудија среде ноќ и ми ставија лисици на рацете. Ме прашаа дали сакам на полесен или на потежок начин. Ме извадија насилно од креветот додека на цел глас врескав и молев за помош – раскажала Хилтон.

Таа претходно одела на два слични програми за „проблематични тинејџери“, а во двете, како што тврди, била малтретирана.

Во „Прово Кањон“, вели, „11 месеци не дишела свеж воздух ниту видела сончева светлина“. Таа, исто така, вели дека била „принудена да пие лекови поради која се чувствувала тапо и исцрпено“.

Таа го опиша училишниот персонал како зло.

– Се чинеше дека уживаа во можноста да злоупотребуваат деца – рекла Хилтон. Таа додала и дека редовно гледала деца како биле тепани, саботирани, давени, па дури и сексуално злоставувани.

– Немаше никаква приватност – секој пат кога користев бања или се туширав, тоа се надгледуваше. На 16 години, како дете, почувствував како зјапаат во моето голо тело. Бев само дете – рекла таа.

Училиштето „Прово Кањон“, кое сè уште работи, се соочува со повеќе обвиненија за злоупотреба на учениците. Обвиненијата вклучуваат тепање, дрога и сексуално злоставување и спречување на учениците да контактираат со нивните семејства.

Хилтон за првпат зборувала за траумата што ја доживеа во нејзиниот документарен филм, а во октомври водеше протест повикувајќи на затворање на училиштето, објавија американските медиуми.

Foto: ©2021 Rick Bowmer/AP/Guliver

Поврзани содржини