Потресни снимки од Инфективната клиника во Белград (ФОТО+ВИДЕО)

Директорот на клиниката, Горан Стевановиќ, рече дека на клиниката се наоѓаат најсериозно болните пациенти кои се борат за живот.

4,776

Овие луѓе ја водат битката за живот, вака започнува видео снимката која екипата на „ТВ Пинк“ ја направи во клиниката на Инфективни и тропски болести во Белград.

Оттаму им беше дозволено на им покажат на сите како излгеда ситуацијата која никој досега ја нема доживеано, а притоа порачувајќи им на другите да ги почитуваат препорачаните мерки за да не се најдат на ова одделение.






фото: ТВ Пинк – Принтскрин

Директорот на клиниката, Горан Стевановиќ, рече дека на клиниката се наоѓаат најсериозно болните пациенти кои се борат за живот.

– Ова е последната линија на одбрана, тука се луѓето кои се најсериозно болни, на кои директно им е загрозен животот и каде што секоја минута од нивниот живот е постојана борба – рече Стевановиќ.

фото: ТВ Пинк – Принтскрин

Стевановиќ објасни дека пациентите тука дишат со помош на респираторните машини, додавајќи дека доколку тие се исклучат на неколку секунди, тоа ќе биде крај.

Додека екипата на ТВ Пинк, заедно со д-р Стевановиќ, минуваа низ ходниците на Клиниката за инфективни и тропски болести, тишината беше нарушена од звукот на респираторите.

Камерите ги снимија истите слики во сите простории, а пациентите заразени од коронавирусот лежеа неподвижни во креветите додека за нив дишеа респираторите.

фото: ТВ Пинк – Принтскрин

Во една соба имаше малку поинаква слика, Стевановиќ објасни дека некои пациенти сепак „успеале повеќе да не се приклучени на машините“.

– Тие дишат самостојно, но сепак им е потребна голема грижа – рече Стевановиќ.

Д-р Стевановиќ рече дека досега не наишле на вакво заболување на Клиниката.

фото: ТВ Пинк – Принтскрин

– Ова е сосема нов вирус, сосема нова болест, има огромен број на пациенти. Имавме сериозни епидемии со сипаници и со различни видови грип, но не и вакво нешто. Ова е една сосема нова инфективна приказна за целиот свет – рече Стевановиќ.

Тој рече дека секој спасен човечки живот е огромен успех и дека неговата апсолутна вредност нема цена.

– Ние сме тука да се бориме, тоа е наша работа. На нас останува да сториме се што можеме за да обезбедиме максимум за нашите пациенти – рече д-р Стевановиќ.

фото: ТВ Пинк – Принтскрин

Кога лекарите на Клиниката за инфективни болести ја завршат смената, тие ја имаат истата постапка за отстранување на заштитна опрема.

По отстранувањето на заштитната опрема, видливи се лузни на лицето оставено од неа.

На прашањето како тој лично ја издржува оваа состојба, Стевановиќ рече дека ова е негова работа, за што се образувал.

– Ова е она за што не подготви државата. Во оваа ситуација, инфективната, епидемиолошката служба треба да се смета за противпожарен апарат. Ние секогаш мора да бидеме подготвени и сите да му се молиме на Бога дека никогаш нема да ни треба, но ако тоа треба, мора да постапуваме правилно – нагласи Стевановиќ, додавајќи дека е важно да се почитуваат мерките.

Поврзани содржини