ПОТРЕСНИ СЛИКИ ОД ЧЕРНИШИВ Украинците објавија фотографии од разурантиот театар
Во рускиот ракетен напад на центарот на градот што се наоѓа во северниот дел на Украина загинаа 7 лица меѓу кои и едно 6-годишно девојче, а ранети се 144.
Украинското Министерство за одбрана објави фотографии од театарот во Чернихив, кој вчера беше погоден од руска ракета.
„Последици од рускиот терористички напад“ – се вели во објавата на украинското Министерство за одбрана на Твитер.
Во рускиот ракетен напад на центарот на градот што се наоѓа во северниот дел на Украина загинаа 7 лица меѓу кои и едно 6-годишно девојче, а ранети се 144. Нападот бил извршен во текот на вчерашниот ден на централниот плоштад во Чернихив додека многу од граѓаните оделе во црква за православниот празник Преображение.
Chernihiv. The aftermath of the russian terrorist attack.
📷 Paula Bronstein pic.twitter.com/4TZMyARdC9— Defense of Ukraine (@DefenceU) August 20, 2023