ПОТРЕСНА ПРИКАЗНА НА СРПСКАТА АКТЕРКА По породувањето доживела клиничка смрт

Во една емисија, Калина Ковачевиќ се присетила на трауматичното породување.

849

Српската актерка Калина Ковачевиќ (37), која многумина ја паметат по улогата во филмот „Доаѓа есен, дуња моја“, открила дека едвај преживеала откако ја родила ќерката Миона.

Во една емисија, Калина се присетила на трауматичното породување.






– Три дена откако ја родив Миона, добив сепса, инфекција на матката. Бев во болница шест недели. Бебето беше со мене, но не можев да го дојам бидејќи земав тешки антибиотици. Тоа беше многу стресен период во мојот живот. Потоа, од реакцијата на лекот доживеав и клиничка смрт – рекла Калина.

„Многу жени ме прашуваат како имав храброст за втора бременост. Имено, по првата морав повторно да научам да одам бидејќи прво лежев за да ја одржам бременоста пет месеци, а потоа добив и сепса – изјавила актерката.

Калина раскажала дека во колкот ѝ се создала вода бидејќи лежела седум месеци и дека раната што ја имала ѝ се воспалила и не можела да зарасне.

– Не можев да ги движам ниту рацете ниту нозете и морав да одам на вежби. Се сеќавам дека луѓето ми аплаудираа кога првпат успеав да дофатам шише вода – изјавила актерката.

Калина рекла дека не сака луѓето да ја доживуваат како слаба личност.

– Луѓето се лажат затоа што очекуваат нежна актерка, а потоа добиваат маж во енергетска смисла – рекла актерката.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини