Потресена глетка од Загреб: Мајки со бебиња во прегратки пред болниците погодени од земјотресот

6,642

Земјотресот што силно го погоди утрово Загреб, создаде големи проблеми и во загрепските болници.

Од Загреб, погоден од земјотресот, пристигнуваат многу шокантни фотографии, но една посебно го „крши срцето“.






Меѓу сите оние граѓани кои ги напуштија своите домови и стојат на улиците, сепак, се истакна фотографијата од болницата во Петрова улица, околу која има многу стари и ризични згради.

Во прашање е фотографија на која се наоѓаат мајка кои пред болницата погодена од земјотресот стојат собрани со штотуку родените бебиња во прегратки.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, на родилките им се поделени основните потребни средства – вода, ќебиња и друго.

Наскоро се очекува поставување на шатори во кои новопечените мајки, но и останатите пациенти од болницата би можеле да се сместат.

FOTO: Bebac.com/Fejsbuk

Поврзани содржини