ПОТРЕБНИ СЕ НОВИ РУДНИЦИ НА БАКАР Побарувачката на металот расте, а цената урива рекорди
Растот на цената е поттикнат од очекувањата дека администрацијата на САД ќе воведе царини на рафинираниот бакар, што доведува до масовно пренасочување на залихите во САД. Поради тоа понудата на бакар во остатокот на светот е ограничена, а секторот не успева да го следи тоа со зголемено производство.
Цената на бакарот продолжува да расте, а се предвидува дека побарувачката на овој метал ќе порасне за 50% до 2040 година, поради растот во секторите за вештачка интелигенција (ВИ) и одбрана.
Тригодишните фјучерси на бакарот на Лондонската берза за метали денеска пораснаа за 3,1% на рекордни 13.387 долари.
Растот на цената е поттикнат од очекувањата дека администрацијата на САД ќе воведе царини на рафинираниот бакар, што доведува до масовно пренасочување на залихите во САД. Поради тоа понудата на бакар во остатокот на светот е ограничена, а секторот не успева да го следи тоа со зголемено производство.
Индехсот на Лондонската берза кои ги следи цените на 6 клучни метали, скокна на највисоко ниво од март 2022 година додека бакарот лани во ноември забележа раст од 20%. Залихите на бакар во складиштата на берзата се преполовени во однос на претходната година, а пазарниот индикатор укажува на краткорочен притисок.
Растот во секторите за вештачка интелигенција (ВИ) и одбрана ќе ја зголеми глобалната побарувачка за бакар за 50% до 2040 година, но без дополнително рециклирање и отворање нови рудници, се очекува понудата да заостанува во однос на побарувачката за повеќе од 10 милиони метрички тони годишно, предвидува консултантската компанија S&P Global.
Според извештајот, глобалната побарувачка ќе достигне 42 милиони метрички тони годишно до 2040 година, во споредба со 28 милиони метрички тони во 2025 година. Без нови извори на снабдување, речиси една четвртина од таа побарувачка веројатно нема да биде задоволена.
– Главниот фактор за раст на побарувачката е електрификацијата на светот, а бакарот е металот на електрификацијата – изјави Ден Јергин, потпретседател на S&P Global и еден од авторите на извештајот.
Вештачката интелигенција претставува значајна област на раст за побарувачката на бакар, со повеќе од 100 нови проекти за центри за податоци минатата година во вкупен износ од нешто помалку од 61 милијарда долари.
Во извештајот, исто така, се наведува дека војната во Украина, како и одлуките на Јапонија, Германија и други земји за зголемување на трошоците за одбрана, дополнително ќе ја зголемат побарувачката за бакар.
Чиле и Перу се најголемите производители на бакар, додека Кина е најголемиот преработувач.
Соединетите Американски Држави, кои воведоа царини за некои видови бакар, увезуваат околу половина од своите потреби секоја година.