ПОТРЕБНИ СЕ 360 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ВО СКОПЈЕ Дупло повеќе потрошивме на „Скопје 2014“

Потребни ни се обновливи извори и енергетска ефикасност, 360 милиони евра се потребни за да се намали загадениот воздух. Два пати повеќе се потрошија за Скопје 2014. Сметам дека не е сè до парите. Треба мобилизација од сите, категорична е Петровска.

1,160

Половина од парите кои државата ги потроши за озлогласениот проект „Скопје 2014“ ќе бидат потребни за да им се врати чистиот воздух на скопјани, а во бројка тоа е околу 360 милиони евра, објани Ана Петровска вечерва во Дневникот на ТВ Сител. Петровска беше поранешна директорка на Државниот инспекторат за животна средина и претседателка на здружението Зелен Хуман Град.

– Како краткорочна мерка, Градот Скопје треба да направи краткорочен план со обврзувачки мерки. Исто така треба да се формира координативно тело, кое ќе предложи мерки, во кое ќе членуваат сите засегнати за воздухот, како што е Министерството за економија, Министерството за животна средина, градот – вели поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.






Според неа, треба да се намали производството на тие што загадуваат.

– Суштински е да се исклучат фосилните горива. Не може да се гори јаглен во индустриските зони. Не може да се гори мазут во јавни установи во Скопје. Кога последен пат е проверен мазутот? Воздухот треба да биде национална обврска. Потребни ни се обновливи извори и енергетска ефикасност, 360 милиони евра се потребни за да се намали загадениот воздух. Два пати повеќе се потрошија за Скопје 2014. Сметам дека не е сè до парите. Треба мобилизација од сите – категорична е Петровска.

Поврзани содржини