ПОТРЕБНА Е РАБОТА, А ЗА ДЕБАТИ ИМА ВРЕМЕ Партијата на Ковачевски му одговори на Мицкоски по повикот за ТВ-дуел

Граѓаните очекуваат работа и резултати. Наместо празни зборови, Христијан Мицкоски најавената конструктивност треба да ја покаже внатре во Собранието, порача СДСМ преку соопштение.

80
Потребна е работа, а за дебатирања има време, се вели во соопштението на СДСМ, како одговор на повикот на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски да се соочи на ТВ-дуел со премиерот Димитар Ковачевски.





„Граѓаните очекуваат работа и резултати. Наместо празни зборови, Христијан Мицкоски најавената конструктивност треба да ја покаже внатре во Собранието. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од блокадите и деструкциите, да бидат усвоени Законот за енергетика, Законот за нафта и нафтени деривати и уште над 50 други законски решенија. Државата и сите наши граѓани имаат потреба од единство и заедничко делување, во однос на соочување со предизвиците од глобалната енергетска и економска криза, но и за стратешките интереси на земјата и поефикасно спроведување на преговорите за членство во ЕУ. Што се однесува до предлозите на Мицкоски за енергетиката тие досега се само обичен сублимат на изјавите на претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски“, наведено е во соопштението.
Поврзани содржини