ПОТРЕБНА Е ОДЛУЧНА БОРБА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ Тошковски го осуди терористичкиот напад во Москва
Ваквите ужасни акти на насилство извршени врз невини цивили налагаат најостра осуда од сите чинители посветени на мирот и безбедноста и се сериозен потсетник за заканата што ја носи тероризмот за нашите општества и потребата за одлучна борба против сите негови форми - истакнува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, го осуди терористичкиот напад на концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва во кој загинаа најмалку 143 лица, нагласувајќи дека ваквите ужасни акти на ансилство се потсетник за заканата што ја носи тероризмот и потребата од одлучна борба против сите негови форми.