ПОТРЕБЕН Е ЗАЕДНИЧКИ ОДГОВОР ПРОТИВ ХИБРИДНИТЕ ЗАКАНИ Министерот Муцунски на состанок на Берлинскиот процес во Белфаст

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја нагласи потребата од заеднички одговор на современите безбедносни ризици - хибридни и сајбер закани, дезинформации, миграции, нелегално финансирање и организиран криминал, кои дополнително влијаат на безбедноста и на стабилноста.

212

Регионалната соработка, европските перспективи на земјите од Западен Балкан и заедничките безбедносни предизвици се главните теми на кои дискутираа министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, меѓу кои и македонскиот министер Тимчо Муцунски.

На состанокот што се одржува во Белфаст, министерот Муцунски во своето обраќање ја нагласи потребата од заеднички одговор на современите безбедносни ризици – хибридни и сајбер закани, дезинформации, миграции, нелегално финансирање и организиран криминал, кои дополнително влијаат на безбедноста и на стабилноста, поткопувајќи ги институциите и јавната доверба.






„На состанокот беше истакнато дека политиката на проширување на Европската Унија претставува витална рамка за трансформација на општествата и за унапредување на добрососедските односи, демократските стандарди и владеењето на правото. Заедничко беше констатирано дека постепената интеграција, Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар значајно го приближуваат Западен Балкан до Европската Унија и го прават пристапниот процес поопиплив за граѓаните“, соопшти Минстерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Поврзани содржини