Во потрагата по 27-годишниот Матеј Периш од Сплит, кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград, вклучен е и Интерпол, пишуваат белградските медиуми.
За исчезнувањето на хрватскиот државјанин за кого постои сомнение дека се удавил, се информирани и соседните земји низ кои минува Дунав. Проверени се и коритото и крајбрежјето бидејќи не е исклучена можноста водата во одреден момент да го исфрли телото на површина, пишуваат медиумите.
Потрагата по Матеј Периш, сè уште не дава резултати, иако денеска е деветти ден од потрагата.
Таткото на Матеј е убеден дека тој и неговиот син ќе се вратат во Сплит и вели дека без него не заминува од Белград.