ПОТРАГА ВО ЦРНА ГОРА Момче од странство исчезна на Дурмитор
Странски државјанин исчезна на планината Дурмитор, од вчера во 10 часот му се губи секоја трага.
Млад човек, странски државјанин, исчезна на планината Дурмитор. Од вчера во 10 часот му се губи секоја трага. Во потрагата по исчезнатото момче е ангажиран воен хеликоптер.
„Воениот хеликоптер полета со екипажот и членовите на Планинската спасувачка служба (ГСС). Во моментов се пребарува подрачјето на целиот Дурмитор“ – потврдија од ГСС за Црногорската информативна агенција РИНА.
Од ГСС додаваат дека планината Дурмитор може да биде сурова и опасна и предупредуваат дека секое пешачење самостојно може да биде крајно опасно.
„Секогаш мора да се оди со придружник кој ги знае патеките. Никогаш не треба да излегувате надвор од обележаните патеки и секогаш да носите соодветни обувки и облека“ – предупредуваат од ГСС додека трае потрагата по исчезнатото момче.