ПОТРАГА ПО ПРЕЖИВЕАНИ ВО КРАМАТОРСК Најмалку две лица загинаа, а има и ранети

Во рускиот ракетен напад 8 згради во центарот на Краматорск се погодени, а една целосно се урна, соопшти локалната полиција.

189

Утрово спасувачките служби ја продолжија потрагата по преживеани во урнатините на станбена зграда во Краматорск, во источна Украина, по руски напад во кој загинаа најмалку две лица.

Осум згради во центарот на Краматорск се погодени, а една целосно се урна, соопшти локалната полиција.






Гувернерот на Доњецката област Павло Кириленко изјави дека во нападот загинале две лица, а 21 лице се ранети.

„Спасувачите, полицијата и комуналните служби работат на местото на нападот за да ги проверат урнатините на уништената зграда. Веројатно уште има луѓе под неа“, напиша Кириленко на Телеграм.

Во руски ракетан напад минатиот месец, исто така, врз станбена зграда во источниот град Дњепар загинаа најмалку 44 лица

„Ова не е повторување на минатото, тоа е секојдневната реалност на нашата земја – земја со апсолутно зло на своите граници“, напиша претседателот Володимир Зеленски на Телеграм.

Во посебен твит, Зеленски напиша дека „единствениот начин да се запре рускиот тероризам е да се победи – со тенкови, борбени авиони, проектили со долг дострел“.

Украина, која минатата недела обезбеди ветувања за борбени тенкови, сака нејзините сојузници да ја снабдуваат со авиони ловци и проектили.

Кириленко објави слика на која се гледа четирикатница која претрпела големи оштетувања.

Украина ги обвинува руските сили за неселективно гранатирање на цивилната инфраструктура, обвинение што Москва рутински го негира.

Поврзани содржини