Потпретседателoт на СДСМ, Коста Петров оди на директорска позиција во Фондот за иновации

2,589

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, најверојатно ќе раководи со Фондот за иновации и технолошки развој. Тој за Плусинфо не ја потврди оваа информација, но ниту ја деманира.

Петров за потпретседател беше избран во 2019 година на Централниот одбор на СДСМ. Во 2017 година беше портпарол на Министерството за здравство, предводено од тогашниот министер Арбен Таравари.






Коста Петров, како што пишува во неговата професионална биографија, е интернационален претприемач, експерт за односи со јавност на брзорастечки пазари, најпродаван бизнис-автор и говорник.

Во 2010 година во Македонија ја основа P World, светската, водечка агенција за настани, која работи во 35 земји во Европа, Блискиот Исток, Централна Азија, Африка и Северна Америка.

Поврзани содржини