ПОТПИШУВАШЕ АНЕКСИ ЗА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА, СЕГА ДРЖИ ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА Филипче сака да ги прикрие криминалите, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Од набавки за вакцини преку фирма за манго и банани сакаше да го полни својот џеб, наместо да го олесни животот на оние кои се бореа против ковид болеста со набавка на вакцини. Наместо да го продолжи и олесни животот на болните од ковид, тој потпишуваше анекси на договори за модуларната болница во која изгореа живи 14 наши сограѓани, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ во врска со судењето за трагедијата во Кочани.

435

Денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ Венко Филипче е срамен обид да ги затскрие своите криминали и коруптивни методи кои ги правеше додека беше министер за здравство, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

„Од набавки за вакцини преку фирма за манго и банани сакаше да го полни својот џеб, наместо да го олесни животот на оние кои се бореа против ковид болеста со набавка на вакцини. Наместо да го продолжи и олесни животот на болните од ковид, тој потпишуваше анекси на договори за модуларната болница во која изгореа живи 14 наши сограѓани.






Поради неговите лоши здравствени политики починаа близу 10.000 луѓе во ковид пандемијата. Филипче е човек со дамки и лузни, кои ќе ги носи целиот живот. И сите знаат за ова, само неговото и на Заев обвинителството, предметите ги чуваат во фиока. Затоа, Венко Филипче треба да одговара, затоа, правда мора да има“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ во врска со судењето за трагедијата во Кочани.

СУДЕЊЕТО ЗА КОЧАНИ Е ТЕСТ ЗА ЦЕЛОТО ОПШТЕСТВО Филипче очекува кристално чист процес

 

Поврзани содржини