ПОТПИШАН ПАКТОТ ЗА НУКЛЕАРНИ ПОДМОРНИЦИ Австралија ќе купува од САД и од Велика Британија, Кина реагира
Австралија ќе стане втора единствена земја по Велика Британија што ја добива елитната технологија за нуклеарен погон на Вашингтон. Земјата за прв пат ќе може да изведува удари со долг дострел против непријателите.
Австралија, САД и Велика Британија ставија потпис на пактот АУКУС, договор за формирање заедничка флота од подморници на нуклеарен погон во Тихиот и Индискиот Океан. Кина веднаш реагираше дека овие три нации „одат понатаму и понатаму по патот на грешката и опасноста“, јавува Би-Би-Си.
Според договорот АУКУС, Австралија треба да ги добие своите први подвозници на нуклеарен погон, најмалку три, од САД. Сојузниците исто така, заедно ќе работата на користење врвна технологија, меѓу другото и реактори на Ролс Ројс произведени во Велика Британија.
За Австралија, тоа е голема надградба на воените капацитети на американскиот сојузник. Земјата ќе стане втора единствена земја по Велика Британија што ја добива елитната технологија за нуклеарен погон на Вашингтон.
Подморниците ќе можат да оперираат подалеку и побрзо од постоечката флота со дизел мотори во земјата, а Австралија, исто така, за прв пат ќе може да изведува удари со долг дострел против непријателите.
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека договорот има за цел да го зајакне мирот во регионот и нагласи дека подморниците ќе бидат „на нуклеарен погон, а не на нуклеарно вооружување“.
Зборувајќи заедно со премиерите на Обединетото Кралство и на Австралија, Риши Сунак и Ентони Албаниз, во Сан Диего, Калифорнија, г-дин Бајден рече дека договорот нема да ја загрози посветеноста на Австралија да биде земја без нуклеарно оружје.
Претходно, кинеската мисија во Обединетите Нации, ги обвини западните сојузници за уназадување на напорите за неширење на нуклеарното оружје.