Потпишан договорот за изградба на Западната трибина на штипскиот стадион

Договорот ги содржи меѓусебните права и обврски помеѓу договорените страни, односно ФФМ и Општина Штип.

1,223

Вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муарем Сејдини потпишаа договор за изградба на Западната трибина на градскиот стадион во Штип.

Договорот ги содржи меѓусебните права и обврски помеѓу договорените страни, односно ФФМ и Општина Штип.






Миланов истакна дека му е огромна чест што започнува со изградба еден ваков проект кој ќе значи многу за Штип и штипјани.

– Денеска потпишавме договор за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Штип. Овој договор ги содржи нашите меѓусебни права и обврски. Придобивките од оваа трибина се огромни не само за спортот во Штип, туку и за љубителите на спортот – вели Миланов.

Претседателот на ФФМ, Сејдини потврди дека ова е многу значајна инвестиција не само за Штип туку и за цела држава.

– За една година Штип ќе добие целосно нова западна трибина со капацитет од 2400 места и со поттрибински простори. Секако Општина Штип ќе инвестира и во реконструкција на источната трибина, така што Штип ќе добие модерен стадион каде ќе може да настапува и нашата репрезентација – рече Сејдини.

Миланов потенцираше дека локалната самоуправа придонесува Штип и штипјани да добијат нов и модерен градски стадион, посетуван од целата држава. Капиталните инвестиции остануваат приоритет на Општина Штип.

Поврзани содржини
na