📽️ ПОТОП НА ЈАДРАНОТ Водата ги голта Стариот град во Котор и Порт Милена во Улцињ

Поплавите го парализираа сообраќајот, а најкритично на црногорското приморје е во Котор. Инфо-пунктот на туристичката организација Котор е преместен од Стариот град. Во Улцињ, пак, нивото на водата во Порт Милена значително се зголемило. Водата навлегла во дрвените куќички за риболов.

1,344

Центарот на Котор се претворил во мало езеро, додека улиците во Улцињ личат на канали, покажуваат снимките на црногорските социјални мрежи. Силен циклон од Јадранското Море истури повеќе од 200 литри дожд на црногорското приморје.

Обилните врнежи зафатиле поширок регион. На југот на Далмација и во Херцеговина наврнале повеќе од 100 литри дожд.

 







Поплавите го парализираа сообраќајот, а најкритично е во Котор. Инфо-пунктот на туристичката организација Котор е преместен од Стариот град, откако центарот целосно се нашол под вода, пренесуваат црногорски медиуми.

 


Надлежните го преместиле пунктот во Канцеларијата за пријава и одјава на престој на странци во Стариот град.

Во Улцињ, пак, нивото на водата во Порт Милена значително се зголемило. Водата навлегла во дрвените куќички за риболов.

 

Поврзани содржини