ПОТОНА ФЕРИБОТ СО 116 ПАТНИЦИ И ЧЛЕНОВИ НА ЕКИПАЖОТ Спасени се 53 лица, потрагата е во тек

527

Ферибот со 116 патници и членови на екипажот потона во текот на ноќта крај брегот на Гвајана. Досега се пронајдени и спасени 53 лица, соопшти премиерот на Гвајана Марк Филипес.

– Околу 15:15 часот по локално време вчера попладне фериботот Барима (MV Barima) исплови од Џорџтаун со 116 патници и со членовите на екипажот кон Порт Кајтума во западниот дел на Гвајана. Во 23:01 часот беше примен повик за помош од бродот. Веднаш беа активирани спасувачки операции со државни и со приватни ресурси. Потрагата по преживеани продолжува со полн капацитет, а во оваа почетна фаза успеавме да спасиме осум лица – изјави министерот за јавни работи на земјата, Хуан Едгил во првичното видеообраќање објавено на социјалната мрежа Фејсбук.






Подоцна премиерот соопшти дека се спасени 53 лица.

Властите во Гвајана сè уште немаат официјални информации за причините за потонувањето на бродот.

Поврзани содржини