ПОТКАСТОТ НА САШО ОРДАНОВСКИ И НА БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ СЕ ПРЕСЕЛИ НА ИНФОМАКС Сериозно засилување на опозициските медиуми

Со политикантите ќе биде многу интересно, а секако, понекогаш ќе имаме и заеднички емисии, изјави сопственикот на Информакс, Александар Митовски.

1,332

„Политиканти“, поткастот на новинарите Сашо Ордановски и Борјан Јовановски, кој досега се пренесуваше на Слободен печат, официјално ја смени фреквенцијата и премина на порталот Инфомакс.

Ваквиот потег веќе се смета за сериозно засилување на опозициските медиуми.






– На нашиот канал ќе оди старо-нова емисија, која многумина од вас ја знаат и веќе ја гледале на друг медиум. Емисијата ќе ја водат политикантите Сашо Ордановски и Борјан Јовановски. Емисијата ќе се прикажува пред емисијата „Тешки муабети“, односно во 18 часот. Со политикантите ќе биде многу интересно, а секако, понекогаш ќе имаме и заеднички емисии. Ни коментираат: „Добар избор со тешкашите на СДСМ“. Но, тоа е добро, затоа што ние сме тешкашите на ВМРО-ДПМНЕ, а тие се тешкашите на СДСМ, па тука ќе има една борба на џедаите – изјави Александар Митовски, водител и сопственик на Инфомакс.

Потврда за „трансферот“ има и на официјалната Фејсбук страница на „Политиканти“:

Поврзани содржини